Македонија Сообраќајот на граничните премини кон Грција е нормализиран

Сообраќајот на граничните премини кон Грција е нормализиран

Сообраќајот на граничните премини Богородица, Стар Дојран и Меџитлија за премин кон Грција е нормализиран, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на овие гранични премини вчера беше во прекин поради штрајк на грчките царински служби.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.