Македонија Сончево време со засилен ветер

Сончево време со засилен ветер

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Зголемена облачност ќе има повеќе во планинските региони. Преку денот ќе дува умерен, а долж Повардарието и кон исток засилен северозападен ветер поради кој сè уште ќе биде посвежо.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 19 Целзиусови степени, а дневната од 26 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје се очекува слично време со температура од 15 до 30 Целзиусови степени.