Македонија Сончево време со услови за локален дожд и за грмежи

Сончево време со услови за локален дожд и за грмежи

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има локална појава на дожд и на грмежи. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 22 Целзиусови степени, а дневната температура од 30 до 37 степени.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе достигне до 21 Целзиусов степен, а дневната до 34 степени.