Македонија Сончево време со умерена облачност и со слаб ветер

Сончево време со умерена облачност и со слаб ветер

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 6 Целзиусови степени, а дневната од 14 до 20 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 2 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 19 степени.