Македонија Сончево време со температура до 39 степени

Сончево време со температура до 39 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала облачност и слаб ветер од променлив правец. УВ индексот ќе има вредност 8.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 19, а дневната температура од 32 до 39 Целзиусови степени. Во Скопје слично време, утринската температура ќе достигне до 17, а дневната до 37 Целзиусови степени.