Македонија Сончево време со температура до 32 степени

Сончево време со температура до 32 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, а претпладне на југозапад со умерен западен ветер. УВ-индексот ќе има вредност 6.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 17 Целзиусови степени, а дневната температура од 25 до 32 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 30 Целзиусови степени.