Македонија Сончево време со температура до 27 степени

Сончево време со температура до 27 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен северен и западен ветер. УВ индексот ќе има вредност 6.

Утринската температура ќе се движи од еден до 10, а дневната од 19 до 27 Целзиусови степени. Во Скопје слично време со температура од пет до 24 Целзиусови степени.

За викендот ќе има преодно стабилизирање на времето со свежи утра и потопло преку ден.