Македонија Сончево време со температура до 20 степени

Сончево време со температура до 20 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево, со утринска температура од минус 3 до 6 Целзиусови степени, а дневна од 12 до 20 степени.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има продор на студена воздушна маса од север со засилен ветер, а во северните и во западните делови од земјава ќе има слаби локални врнежи од дожд, на планините од снег, но не се очекува врнежите да бидат обилни.

Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево, а попладне облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта ќе има повремени слаби врнежи од дожд и ќе почне да дува засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 2 до 18 Целзиусови степени.