Македонија Сончево време со температура до 15 степени

Сончево време со температура до 15 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево, a кон крајот на денот со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има слаба магла.

Утринската температура ќе се движи од минус 9 до нула Целзиусови степени, а дневната од 9 до 15 степени.

Во Скопје се очекува слично време, со температура до 9 Целзиусови степени.

Утрово најстудено беше во Скопје и во Берово, со минус 8 Целзиусови степени.