Македонија Сончево време со слаб ветер и температура до осум степени

Сончево време со слаб ветер и температура до осум степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северен ветер.Температурата ќе се движи од минус еден до осум Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, температурата ќе достигне до пет Целзиусови степени.

Во наредните денови ќе се задржи период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Од четврток кон викендот ќе се зголемуваат условите за појава на магла по одделни котлини.