Македонија Сончево време со слаб јужен ветер

Сончево време со слаб јужен ветер

Времето денеска ќе биде сончево, ќе дува слаб претежно јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 7 до 1, а дневната од 7 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, утринската температура ќе се спушти до минус 3, а дневната ќе се искачи до 10 Целзиусови степени.

До петок ќе преовладува претежно сончево и релативно топло време. На повеќе места максималната температурата ќе надмине 10, а на југ ќе достигнува и до 14 Целзиусови степени.