Македонија Сончево време со мала облачност

Сончево време со мала облачност

Времето денеска ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи од минус 2 до 6 Целзиусови степени, а максималната во интервал од 16 до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време и температура до 20 Целзиусови степени.