Македонија Сончево време, попладне со услови за локален дожд

Сончево време, попладне со услови за локален дожд

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност, a попладне во западните делови со локален краткотраен дожд и со ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18 Целзиусови степени, а дневната од 28 до 34 степени. УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе достигне до 15 Целзиусови степени, а дневната до 33 степени.