Македонија Сончево со мала облачност и температура до 24 степени

Сончево со мала облачност и температура до 24 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Попладне облачноста ќе се зголеми. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд.

Утринската температура се движеше од 0 до 7 Целзиусови степени, а дневната температура ќе изнесува од 16 до 24 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево, со утринска температура од 4 степени, а дневна температура до 18 Целзиусови степени. Кон крајот на денот ќе биде значително облачно. Во ноќните часови ќе има услови за повремен дожд.