Македонија Сончево и топло време со зголемување на облачноста во текот на денот

Сончево и топло време со зголемување на облачноста во текот на денот

Времето денеска ќе биде релативно топло, со мала облачност која во текот на денот ќе се зголемува. Ќе дува умерен јужен ветер, кој во западните делови од земјава повремено ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 3 Целзиусови степени, а дневната од 14 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде релативно топло, со облачност која во текот на денот ќе се зголемува. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 16 Целзиусови степени.