Македонија Сончево и топло време со УВ-индекс 9

Сончево и топло време со УВ-индекс 9

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб ветер од источен правец.

Утринската температура се движи од 13 до 21 Целзиусов степен, а максималната дневна ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје се очекува слично време, сончево и топло, со мала од умерена облачност попладне и со слаб ветер од североисточен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 37 Целзиусови степени.