Македонија Сончево и топло време со умерен ветер

Сончево и топло време со умерен ветер

Времето денеска ќе биде претежно сончево, со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 7 до 14 Целзиусови степени, а дневната од 22 до 32 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе се спушти до 11 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне 32 степени.

Во наредните три дена времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Особено топло се очекува да биде в петок и в сабота, кога на некои места температурата ќе го надмине просекот за овој период од годината.