Македонија Сончево и топло време со температура до 29 Целзиусови степени

Сончево и топло време со температура до 29 Целзиусови степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува умерен јужен ветер, во крајните западни делови повремено ќе се засилува и на места се очекува да достигнува брзина од повеќе од 60 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 13 Целзиусови степени, а дневната од 24 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе достигне до 7 Целзиусови степени, а дневната до 28 степени.