Македонија Сончево и топло време, со температура до 17 степени

Сончево и топло време, со температура до 17 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура се движи од 0 до 5 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 5 до 17 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне 14 Целзиусови степени.