Македонија Сончево и топло време со мала облачност

Сончево и топло време со мала облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја е можна изолирана појава на краткотраен дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 35 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време со максимална дневна температура до 32 Целзиусови степени.