Македонија Сончево и топло време, попладне дожд и грмежи

Сончево и топло време, попладне дожд и грмежи

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне се очекува промена на состојбата, односно променливо и нестабилно облачно време, со локален пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура се движи од 8 до 15 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 22 до 28 степни. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје се очекува слично време, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и со ветер.

Максималната дневна температура во главниот град ќе се искачи до 27 Целзиусови степени.