Македонија Сончево и топло време

Сончево и топло време

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Дневната температура ќе се движи од 17 до 27 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево, а попладне со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Максималната дневна температура во главниот град ќе се искачи до 26 Целзиусови степени.