Македонија Сончево и топло, со температура до 27 степени

Сончево и топло, со температура до 27 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб ветер од западен и од северозападен правец.

Утринската температура се движи од 1 до 9 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево и топло, со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 25 Целзиусови степени.

Под влијание на влажен и студен воздушен бран, од утре синоптичарите најавуваат облачно време со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни.