Македонија Сончево и потопло време со температура до 20 степени

Сончево и потопло време со температура до 20 степени

Времето денеска ќе биде сончево и малку потопло со мала облачност, поизразена на запад и со слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус четири до три, а максималната од 13 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време со минусна утринска температура и дневна до 18 Целзиусови степени.

До петок времето ќе биде претежно сончево. Минималните температури утре на повеќе места ќе се спуштат малку под нула, а потоа ќе бидат во постепен пораст.