Македонија Сончево и потопло време со мала облачност

Сончево и потопло време со мала облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од нула до 7 Целзиусови степени, а дневната од 16 до 23 степени.

Во Скопје се очекува слично време со утринска температура до 3 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 21 степен.

До четврток времето ќе биде претежно сончево со умерен јужен ветер и со пораст на утринската и на дневната температура.