Македонија Сончево и потопло време со мала до умерена облачност

Сончево и потопло време со мала до умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер.Температурата ќе се движи од 16 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе достигне до 24 Целзиусови степени.

До сабота ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на дневната температура.