Македонија Сончево и многу топло со температура до 38 степени

Сончево и многу топло со температура до 38 степени

Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе изнесува 12, а дневната максимална ќе достигне 38 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје слично време. Утринската температура ќе биде 17, а дневната ќе достигне до 36 Целзиусови степени.

Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има услови за краткотраен локален дожд. Дневните температури ќе опаднат за три до четири степени. Потоа во наредните денови времето повторно ќе биде стабилно и многу топло.