Видео Сомалија: Тројца загинати при напад на конвој на ОН

Сомалија: Тројца загинати при напад на конвој на ОН

Најмалку тројца припадници на сомалиските безбедносни служби загинаа, а 10 се повредени откако автомобил-бомба, чија цел бил конвојот на Обединетите нации, експлодира во близина на аеродромот на главниот град на Сомалија.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но ваквите напади беа дело на Ал Шабаб, милитанти кои се блиски до Ал Каеда и кои се обидуваат да ја урнат владата во Могадишу.

– Конвојот на ОН минуваше надвор од аеродромот. Три лица згинаа, од кои еден полицаец и двајца Сомалијци, кои беа обезбедување на ОН – соопшти висок полициски претставник.