Свет Балкан Солзавец повторно фрлен во косовскиот Парламент

Солзавец повторно фрлен во косовскиот Парламент

Косовската опозициско движење „Самоопределување“ денеска фрли солзавец во косовскиот Парламент, за време додека Комисијата за надворешни работи го разгледуваше предлог документот за демаркација на границата со Црна Гора.

Полицијата трага по Дритон Кауши од „Самоопределување“, кој со солзавец се обидел да го спречи усвојувањето на документот.

Како што јавуваат косовските медиуми, документот сепак е усвоен со шест гласови, а на состанокот учествувале и пет пратеници на „Самоопределување“.

Косовската опозиција го оспорува Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, кој во четврток треба да се најде пред косовските пратеници. Од усвојувањето на документот, кој беше потпишан во август минатата година зависи дали Европската Унија ќе одобри визна либерализација за косовските граѓани.