Македонија Собраниска расправа за нацрт-амандманите на Уставот

Собраниска расправа за нацрт-амандманите на Уставот

На собраниската Комисија за уставни прашања денеска ќе започне дeбатата за уставните нацрт-амандмани за промена на Уставот, согласно Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција.

Уставната комисија треба да ги разгледува четирите нацрт-амандмани и Извештајот на Владата од јавната дискусија за нацрт-амандманите.

Како втора точка е ставен Предлог-уставен закон за спроведување на амандманите на Уставот на Република Македонија.

Предлог амандамните ќе се разгледуваат и на собраниската Законодавно-правна комисија.

За секој амандман може да се расправа по три дена, а пратениците можат да достават и амандмани на владините амандмани, што веќе најавија дека ќе го сторат опозициските партии на Албанците.

Откако ќе завршат комисиските расправи, следува пленарна седница. Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека пленарната седница треба најрано да биде закажана на 9 јануари идната година, а гласањето да се случи на 15 јануари.

За да поминат уставните измени повторно е потребно двотретинско мнозинство, а за амандманот на Преамбулата на Уставот освен двотретинско, е потребно и Бадентерово мнозинство.