Македонија Собранието в понеделник ќе објави оглас за избор на нови членови на...

Собранието в понеделник ќе објави оглас за избор на нови членови на ДИК

В понеделник, Собранието на Република Македонија ќе донесе одлука за објавување конкурс за избор на нов претседател и на нови членови на Државната изборна комисија (ДИК).

За понеделник, според распоредот на Собрането, е закажана 73. седница, на која на дневен ред, покрај дополнување на предлог-буџетот на Република Македонија за 2016 година, е и предлог-одлука за објавување јавен оглас за избор на претседател и на членови на ДИК, чиј предлагач е пратеникот Зоран Илиоски.