Свет Балкан Собранието на Србија ја изгласа новата влада на Вучиќ

Собранието на Србија ја изгласа новата влада на Вучиќ

Пратениците во српското Собрание денеска со мнозинство гласови ја избраа новата влада на премиерот Александар Вучиќ, јавуваат медиумите.

Како што соопшти претседателката на Собранието, Маја Гојковиќ, на седницата за избор на новата влада вкупно гласале 225 пратеници, од кои 163 гласале „за“, „против“ биле 62, а воздржани немало.

Претставниците на опозициските партии не го поддржале изборот на новата влада, наведувајќи дека експозето, кое мандатарот Александар Вучиќ го изнесе во вторникот, е само список на убави желби и дека во него нема конкретни мерки кои би допринеле за подобрување на стандардот во Србија.

Владејачкото мнозинство, пак, ја дало својата поддршка за новата влада, со оценка дека нејзината работи ќе ја унапреди и модернизира Србија.