Економија Собранието го одобри финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика и водни...

Собранието го одобри финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги за 2020 година

Фото: Борче Поповски

Собранието на 123. пленарна седница го разгледа и го усвои Финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги за 2020 година.

„Вкупниот буџет за годинава изнесува околу 86 милиони денари (1,3 милиони евра) и со одобрување на истиот Регулаторното тело ќе може во полн капацитет со зголемените надлежности да ги извршува надлежностите,“ истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски во текот на собраниската процедура низ која помина одобрувањето на Финасиксиот план.

Тој додаде дека со доделување на обврската Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги да ги регулира и цените на водата се зголеми нејзиниот обем на работа, а во наредниот период се предвидува Комисијата да ги регулира и цените за комунален отпад.

Во текот на 2019 година Регулаторната комисија донесе над 30 подзаконски акти со кои се имплементирани обврските кои што произлегуват од Третиот енергетски пакет. Со подзаконските акти се овозможи намалување на цената на електричната енергија за домаќинствата за пет проценти поради воведување на евтината тарифа. Цената на електричната енергија добиена од АД ЕЛЕМ во 2019 година е намалена за 19 проценти во споредба со 2018 година.

По одобрувањето на новите мрежни правила за дистрибуција на електрична енергија, трошоците за приклучување на системот за дистрибуција на електрична енергија е намален од 500 евра на 370 евра. Трошоците за повторно приклучување на потрошувачите кои се исклучени е намален од 1.740 денари на 440 денари. Трошоците за одвојување на мерно место е намален од 500 евра на 200 евра.

„Либерализацијата на пазарот на електрична енергија не предизвика шокови кај цената на електричната енергија за домаќинствата, а трошоците на комерцијалните потрошувачи се намалени за околу 30 проценти“, се вели во соопштението на Регулаторна комисија.