Македонија Собранието ги изгласа петте нови заменици-министри

Собранието ги изгласа петте нови заменици-министри

Тирон Јајага е новиот заменик-министер за одбрана, Викторија Аврамовска Мадиќ беше изгласана за заменик-министер за правда, Вјолца Бериша за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Маја Манолева за заменик-министер за здравство и Агим Нухиу за заменик-министер за образование и наука

Фото: Влада на РСМ

Пратениците во Собранието попладнево ги изгласаа новите заменици-министри во неколку сектори. Тирон Јајага е новиот заменик-министер за одбрана, Викторија Аврамовска Мадиќ беше изгласана за заменик-министер за правда, Вјолца Бериша за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Маја Манолева за заменик-министер за здравство и Агим Нухиу за заменик-министер за образование и наука.

Со ова беше исцрпен дневниот ред на 104-тата седница за реконструкција на Владата, која започна пред три недели.

Новите министри во Владата на Димитар Ковачевски, Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за животна средина и просторно планирање, беа избрани во понеделникот пред полноќ.

Реконструкцијата на Владата доаѓа откако во владејачкото мнозинство влезе и Алијанса за Албанците што беше причина дотогашниот партнер, партијата Алтернатива, да замине во опозиција.