Македонија Собранието денеска продолжува со 71. седница

Собранието денеска продолжува со 71. седница

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 71. седница, на чиј дневен ред се повеќе точки.

Пред пратениците денеска се предлог-закони за финансиско задложување на државата, за реализација на проекти од гасната и од патната инфраструктура, како и изменување на закони по скратена постапка.

На дневен ред на Собранието, меѓу другите точки, се и измените на Законот за задолжителни нафтени резерви, изменување на Законот за персоналниот данок на доход, по скратена постапка, Законот за платниот промет, изменување и дополнување на Законот за рамномерен регионален развој, предлог-закон за занаетчиство, предлог-закон за дополнување на Законот за концесии и јавно-приватно партнерство, предлог-закон за дополнување на Законот за енергетика, предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за земјоделското земјиште, предлог-закон за изменување на Законот за пасиштата, предлог-закон за дополнување на Законот за одбрана.