Технологија Наука Со „Твитер“ против срцевите болести

Со „Твитер“ против срцевите болести

Микроблог-платформата „Твитер“ може да послужи како алатка за борба против спречување срцеви болести.

Новата студија што заедно ја спроведоа научниците од Универзитетот во Пенсилванија и Универзитетот „Нортвест“ во Мелбурн, докажала дека негативните емоции изразени преку „твитови“ може да бидат фактор кој јасно укажува на ризикот за појава на срцеви болести.

Истражувањето е спроведено на територија на САД, а во него учествувале 1.300 американски окрузи (88 отсто од американската популација), а научниците анализирале повеќе од 148 милиони „твитови“ настанати во периодот од 2009 до 2010 година.

Во окрузите каде биле присутни голем број „твитови“ во кои бил видлив стресот, лутењето и заморот, забележан е и зголемен број на смртни случаи, поврзани со срцевите болести.