Свет Свет Со Трамп за претседател, САД и Сирија може да бидат природни сојузници,...

Со Трамп за претседател, САД и Сирија може да бидат природни сојузници, смета Асад

Сирискиот претседател Баша ал Асад синоќа изјави дека Дамаск мора „да причека и да види“ дали новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, ќе ја смени политиката на Вашингтон кон Сирија, но оти е подготвен да соработува со него во борбата против исламистите.

Во своите први коментари по победата на Трамп, Асад рече дека републиканскиот лидер дал ветувачки изјави за потребата за борба против исламистите во Сирија, но додаде дека е прашање дали може да се исполни.

– Не можеме да кажеме ништо за тоа што тој ќе направи, но ако се бориме против тероризмот, секако дека ќе бидеме сојузници, природни сојузници во тој поглед со Русија, со Иран, со многу други земји – рече Асад во интервју на англиски јазик кое го даде за португалската државна телевизија „Ер-те-пе“.