Дописници Со грант од Светска банка набавени комунални возила за две јавни претпријатија...

Со грант од Светска банка набавени комунални возила за две јавни претпријатија во Охрид

Преку грант на Светска банка, Oпштина Охрид набави четири нови возила за потребите на јавните претпријатија „Охридски комуналец“ и „Нискоградба“. Преку овој проект се набавија едно специјално возило – камион со инсталирана надградба кипер, едно специјално товарно возило – камион со дупла кабина, една комбинирана машина ровокопач – утоварувач и една машина ровокопач – мини багер хидрауличен на гасеници.

Возилата официјално беа предадени на јавните претпријатија. Вкупната сума за набавката на возилата изнесуваше 7.159.768 денари, од кои 807.082 денари беа учество на општина Охрид, а останатите се неповратни средства добиени од Светска банка.