Свет Снежното невреме во САД однесе 10 животи

Снежното невреме во САД однесе 10 животи

Снегот во одредени делови достигна висина од 2,5 метри

Најмалку 10 лица загинаа во снежното невреме, кое ја зафати американската држава Њујорк.

Поради големите снежни наноси, кои достигнуваат висина и преку 1,5 метар, затворени се училиштата.

Националната гарда работи на расчистување на патиштата и на помагање на заробените лица во снегот.

Според информациите на американските медиуми, во одредени делови на државата Њујорк, снегот достигна висина од 2,5 метри. Метеоролозите јавуваат дека следниот викенд се очекуваат повисоки температури, што може да предизвика појава на поплави.