Свет Балкан Снегот предизвика хаос во Словенија

Снегот предизвика хаос во Словенија

Поради обилните врнежи од снег, во Словенија околу десетина илјади домаќинства останаа без струја, повеќето во подрачјето на Љубљана и на Дравоград.

Снегот предизвика проблеми и во сообраќајот. Забележани се повеќе сообраќајки, а постои опасност од снежни одрони.

Метеоролозите најавуваат подобри временски услови, но не се очекува зголемување на температурата, која е особено ниска за овој период од годината. Вржени од снег сè уште има во некои делови од земјата.

Во поголемиот дел од земјата, снежната покривка изнесува 25 сантиметри, додека на планините достигнува и до 40 сантиметри.