Свет Европа Словенците на 20 декември ќе гласаат на референдум за истополовите бракови

Словенците на 20 декември ќе гласаат на референдум за истополовите бракови

Пратениците во парламентот во Словенија, денеска, на иницијатива на конзервативните групи кои имаат поддршка од католичката црква, донесоа одлука на 20 декември да се одржи референдум за истополовите бракови.

Групата „Децата се во прашање“ успеа да ги собере потребните 40.000 потписи за одржување на референдумот. Оваа група се противи на законот усвоен претходно годинава, што бракот го дефинира како заедница меѓу две возрасни лица, кои во неа стапиле доброволно.

Конзервативците тврдат дека овој закон на хомосексуалците им овозможува да посвојат деца.

Приврзаниците на овој закон тврдат дека за прашањата на човековите права не треба да се одлучува на референдум, но Уставниот суд пресуди дека референдумот, сепак, треба да се одржи.