Свет Балкан Словенија побара финансиска помош и полициски сили од ЕУ

Словенија побара финансиска помош и полициски сили од ЕУ

Словенечкиот претседател, Борут Пахор, денеска, по средбата со челниците на Европската унија во Брисел, изјави дека побарал финансиска помош, како и членките на ЕУ да испратат свои полицајци на припомош на словенечката полиција за властите во Љубљана да се изборат со огромниот наплив на бегалци.

– Ако таквата „итна и делотворна“ помош не ѝ биде дадена на Словенија за да може да осигура ред и мир, словенечките власти ќе испратат војска на границата – рече Пахор по разговорите со претседателот на Советот на Европа и со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Пахор истакна дека бегалската криза била „потценувана и одлоговлекувана“ во ЕУ, криејќи се зад заедничките европски политики, но дека „сега тоа бегање ги покажало своите заби“.