Свет Балкан Словенија нема да ја отстрани оградата на границата

Словенија нема да ја отстрани оградата на границата

Словенија нема да ја отстрани жичeната ограда што ја постави на границата со Хрватска сè додека не се увери дека договорот на Европската Унија со Турција ќе функционира и дека приливот на мигранти ќе биде запрен.

Од кабинетот на премиерот Миро Церар наведуваат дека Словенија планира да ја задржи оградата на некои делови од границата со Хрватска.

Во соопштението се наведува дека „пречките ѝ помогнале на полицијата во контролата на границата“.

Хрватска повеќепати негодуваше поради одлуката Словенија да постави жичена ограда помеѓу две земји членки на ЕУ.

Властите во Љубљана ја подигнаа оградата минатата година, во екот на мигрантската криза, за да го спречат неконтролираниот прилив на мигранти.

Повеќе од половина милион мигранти поминаа од Словенија од есента до склучувањето на договорот помеѓу ЕУ и Турција.