Свет Балкан Словенија најавува затворање на границата со Хрватска

Словенија најавува затворање на границата со Хрватска

Словенија ќе ги зајакне мерките на границата доколку планот на Европската унија не успее да го запре напливот на мигранти преку Балканот, соопшти шефот на словенечката дипломатија, Карл Ерјавец.

Словенечкиот министер најави и затворање на граничните премини со Хрватска, доколку нивниот јужен сосед продолжи да пропушта голем број мигранти кон границата.

Според податоците на словенечкото МВР, од 16 октомври околу 84.000 луѓе ја преминаа границата на Словенија, кога мигрантите беа пренасочени по затворањето на унгарската граница со Хрватска.