Македонија Словенија донираше заштитна опрема од корона вирусот за полицијата, во износ од...

Словенија донираше заштитна опрема од корона вирусот за полицијата, во износ од 110.000 евра

Денеска на Меѓународниот аеродром Скопје министерот за внатрешни работи Наќе Чулев ја прими донацијата од Владата на Република Словенија за Министерството за внатрешни работи што се состои од 100 илјади маски и 100 илјади ракавици во вкупна вредност од 110 илјади евра.

„Секоја донација и секоја помош е исклучително важна и значајна за Министерството за внатрешни работи и истата ќе ги зајакне и поддржи нашите секојдневни напори за заштита на полициските службеници, кои во рамки на своите работни обврски и задачи, деноноќно се изложени на ризикот од зараза со корона вирусот,“ изјави Чулев.