Македонија Слаб земјотрес почувствуван во Охрид

Слаб земјотрес почувствуван во Охрид

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје регистрирала земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала во охридското епицентрално подрачје, денеска во 12.40 часот.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал неколку километри од Охрид во околината на селото Лескоец.

Минатата недела, серија на земјотреси беа регистрирани во Дојран, но и еден на територијата на Косово, кој беше почувствуван и во Скопје.