Македонија Скопските градоначалници со поддршка за полицајците што го одржуваат полицискиот час (галерија)

Скопските градоначалници со поддршка за полицајците што го одржуваат полицискиот час (галерија)

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, во придружба на градоначалниците на скопските општини и заменик-министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска, денеска беа во посета на поголем број полициски пунктови низ општините, а го посетија и СВР Скопје.

При денешната обиколка, скопските градоначалници на сите службеници на МВР на пунктови, полициски станици и мобилни патроли им даваа освежителни пијалоци, во знак на поддршка што во овие вонредни околности со корона вирусот деноноќно се грижат за безбедноста на граѓаните во сите општини на Скопје.

Градските власти искажуваат благодарност и до граѓаните на сите скопски општини, кои покажуваат висок степен на одговорност за време на празничниот полициски час и ги почитуваат препораките за заштита на јавното здравје. Целодневната забрана за движење на населението за време на велигденските празници ќе трае до вторник 21 април, до 5 часот наутро.