Хроника Скопјaнец ја претепал сопругата со метална цевка

Скопјaнец ја претепал сопругата со метална цевка

Скопската полиција поднела кривична пријава против 50-годишниот скопјанец Д.Б., осомничен дека вчера со метална цевка ја претепал својата сопруга, Е.Б. (46), на улица во градот и потоа побегнал, информираат од полицијата.

Случајот го пријавиле од Ургентниот центар, каде жената била хоспитализирана по нападот, кој се случил околу 7 часот наутро на улицата Московска.

Според полицијата, осомничениот со метална цевка ја претепал сопругата, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди.

Осомничениот побегнал од местото, но по преземените мерки, истиот ден бил пронајден и приведен од екипа на единицата „Алфа“.

Против Д.Б. полицијата поднела пријава за кривично дело убиство во обид.