Свет Сириските трупи ја презедоа контролата над автопатот кон Алепо

Сириските трупи ја презедоа контролата над автопатот кон Алепо

Сириската државна телевизија објави дека војската презела контрола над стратегиски важната сообраќајница на северот на земјата, која води кон Алепо, во централниот дел на Сирија.

Како што е наведено, воените единици ја презеле целосно контролата над главниот автопат Алепо – Канасер – Итрија – Ал Самијех, по жестоки борби со Исламска држава.

Експертите за мини почнале да го чистат теренот, а патот за цивилен сообраќај ќе биде отворен на 5 ноември, стои во соопштението.

Контролата над Алепо, најголемиот град во Сирија пред војната, е поделена меѓу владините трупи и бунтовници кои немаат врска со Исламска држава.