Свет Сириската влада е подготвена да преговора за сè, вели Асад

Сириската влада е подготвена да преговора за сè, вели Асад

Сирискиот претседател Башар ал Асад соопшти дека неговата влада е подготвена да преговара за сè во врска со предложените мировни разговори во Казахстан.

Тој рече дека сè уште не е јасно кој на тие преговори ќе ја претставува опозицијата и оти сè уште не е закажан датум.

Асад, исто така, рече дека улогата на сириската армија била да ја поврати областа во близина на Дамаск, каде бунтовниците го контролираат снабдувањето со вода.